Баерн (М) тргна во потрага по нов тренер. Според информациите на магазинот „Кикер“, Баварците се обидуваат да разговараат и со менаџерот на Астон вила, Унаи Емери.
Тимот од Бирмингем моментално го зазема четвртото место во англискиот шампионат, а шпанскиот стратег ги води од октомври 2022 година.
Претходно Томас Тухел објави дека во јуни ќе ја напушти тренерската функција во Баерн, по што во германскиот клуб интензивно тргнаа на пронаоѓање негова замена.