Барселона го преживеа Наполи, но драмата се случи на „Драгао“ во 94 минута

Екипата на Порто оствари исклучително важна победа на првиот меч од двомечот против Арсенал во осминафиналето од ЛШ.

Иако цел натпревар на „Драгао“ немаше голови, возбудувањата се случија во самиот фниш, длабоко во судиското надополнување, кога Галено придонесе за ерупција на трибините и големо славје на домашните навивачи.

Буквално се играа последните 30 секунди од натпреварот, кога Галено се обиде од дваесетина метри да го совлада гостинскиот голман – и успеа во тоа, за големо славје на трибините.

Се разбира и покрај се, работите не се готови, во Лондон ќе има уште 90 минути, во кои Арсенал ќе биде активен и опасен по голот на португалската екипа.

На вториот натпревар вечерва, во Неапол, Наполи и Барселона одиграа нерешено 1:1, па и таму меѓу нив, се ќе се решава во реваншот во Барселона. Таму стрелци беа Левандовски во 60. минута и Осимен во 75. минута.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО