Мекиќ: Естонците се фаворити, но можеме да ги победиме

Треба да излеземе на терен и да го дадеме максимумот. Верувам во позитивен резултат, оптимист е македонскиот репрезентативец, Адем Мекиќ пред мечот Македонија – Естонија (петок, 19.часот, СРЦ „Кале“) во квалификациите за  Европското првенство (ЕП) 2025 година.

Крилниот играч добро ги познава квалитетите на првиот противник во квалификациите за ЕП. но верува дека Македонија ќе триумфира против Естонија.

– Естонците добро ги познаваме, квалитетни се и им ја препуштаме фаворитската улога. Нивна главна одлика е агресивноста во играта, инсистираат на брза кошарка. Ние пак имаме релативно млада екипа надополнета со неколку искусни и квалитетни кошаркари.

Македонија има играчи како Димитријевиќ, Војдан и Дамјан Стојановски, потоа Бојан Крстевски кои имаат големо искуство и квалитет. Ние сме домаќини, играме пред нашите навивачи и очекувам позитивен резултат, изјави Мекиќ кој минатиот викенд со Задар го освои првиот трофеј сезонава,Купот на Хрватска.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО