Баерн пука по рабовите, за малку тепачка пред соблекувалната!

Судејќи според пишувањата на германските медиуми, ситуацијата во Баерн Минхен е хаотична по третиот пораз во низа, од Бохум (2:3).

Баерн Леверкузен, Лацио и Бохум се трите екипи кои последнава недела му зедоа „мерка“ на тимот на Томас Тухел и уште повеќе ја продлабочија кризата која беше видлива.

Борбата за титулата му се лизга низ прсти на Баерн, бидејќи водечкиот Леверкузен има осум бода предност, што многу тешко им паѓа на играчите на се’ уште актуелниот првак.

„Билд“ објави дека по последниот судиски свиреж на дуелот против Бохум имало „бурни сцени во клубот што е во криза“ и дека 29-годишниот Џошуа Кимих и помошникот тренер Золт Лев имале жестока конфронтација на патот кон соблекувалната.

ТВ- камерите не го забележале конфликтот, но се открива дека голманот Мануел Ноер  бил принуден да го разделува дуото што жестоко се карало.

Она што го снимија камерите и беше објавено на социјалните мрежи е, како што пишува Билд, „дивото пцуење на Лев на патот кон соблекувалната“.

Некои медиуми тврдат дека Кимих и Лев за малку ќе се стапале, што доволно говори за моменталната атмосфера во соблекувалната, но и за тоа колку Тухел е блиску до отказ.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО