Баер Леверкузен се зацврсти на првото место на табелата во Бундеслигата со 58 бода, осум повеќе од Баерн Минхен на втората позиција.
Леверкузен ја брка првата титула во Бундеслигата во клупската историја, откако петпати заврши како второпласиран, во сезоните 1996/97, 1998/99, 1999/2000, 2001/02 и 2010/11-та
„Фармацевтите“ не се поразени на 32 натпревари по ред во сите конкуренции постигнувајќи притоа дури 95 гола.
Баер го израмни рекордот на Баерн од 2019/2020-та под водство на Ханси Флик, кога Баварците исто така на 32 меча во низа не беа поразени.
Доколку издржат во ваков стил до крајот на сезоната, тимот на Чаби Алонсо ќе ја прекине доминацијата на Баварците кои освоија 11 шампионски титули во низа!
Во националниот Куп, Баер се пласираа во полуфиналето, а во Лига Европа (ЛЕ) во осминафиналето, што значи дека е во игра за освојување на тројната круна.
Но германските медиуми предвидуваат дека убавата приказна на „фармацевтите“ нема да потрaе подолго време и оти на крајот од сезоната покрај петтемина млади играчи кои ги посакуваат најдобрите и најбогатите клубови, тимот ќе го напушти и тренерот Алонсо.