МЗТ Скопје го освои Купот на Македонија

Кошаркарите на МЗТ Скопје ја одбранија титулата во Купот на Македонија, откако славеа со 62:60 (31:36) против домаќинот Пелистер.

За тимот од Аеродром ова е 12-ти трофеј од ова натпреварување кое сега го носи името „Благоја Георгиевски Буштур“.
Во неизвесен до крајот натпревар, Американецот Ејасу Ворку постигна кош на три секунди до крајот за 62-60, а Пелистер не успеа да го реализира последниот напад за голема разочараност на навивачите кои ја исполнија салата „Боро Чурлевски“ до последно место.

Дамјан Робев постигна 13 поени за „штрковите“, додека за битолчани Костоски постигна 15 поени.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО