Јоханес Тингнес Бо, ја одбрани титулата во трката од 12,5 километри на Светското првенство во биатлон во чешкиот зимски центар Нове Место.
Светската ѕвезда на тој начин го обезбеди 18-то злато во кариерата од првенствата на планетава.„Ми значеше многу. Беше голема битка со Фетел, Тареи исто така беше многу брз.
Последните две престрелки беа многу тешки, имаше ветер… Тоа е остварување на сонот, да се победи по минатата година, притисокот е огромен. Не се чувствував како фаворит пред Светското првенство, воопшто не мислев дека ќе освојам златен меда “ изјави Бо.Светското првенство во биатлон продолжува на 13 февруари со трката во поединечна конкуренција на 15 километри за жени.