Кирјос: Синер сега ќе биде незапирлив

Јаник Синер е човекот во центарот на вниманието, пофалби пристигнуваат од сите страни. Секако, три факти најмногу придонесуваат целиот спортски свет да му се поклони на Италијанецот – убедлива победа против Новак Ѓоковиќ во полуфиналето на Австралија опен, феноменален пресврт против Данило Медведев во финалето и само победа на прв Грен слем трофеј во кариерата.

Ваков експлозивен скок на шампионскиот подиум не е многу вообичаен и затоа ова се најмалку пет минути на Синер.

– Јаник сега ќе биде незапирлив – тврди Ник Кирјос-

На крајот на минатата година, кога го победи Новак во Торино, а потоа и на Дејвис купот, мислев дека овој човек ќе има што да каже во 2024 година и дека ќе тропне на многу врати..

Австралиецот би можел од прва рака да дојде до тој заклучок. Тој еднаш, пред две години во Мајами, играше со новиот шампион на Род Лејвер Арена и не зема сет.

-Многу се подобри. Пред се подобро сервира, но ги подобри и другите удари. Сепак, она што најмногу го подобри е играчката зрелост. Посебно кога се знае дека има само 22 години. Никогаш не го имав за да го зададам последниот удар во мојата кариера.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО