Разврска на ЕП: Данска го чека противникот во полуфиналето

Денешниот, последен ден од натпреварите во групата 1 во арената „Ланксес“ во Келн, ќе го даде одговорот за тоа која ќе биде четврта репрездентација што ќе се пласира во полуфиналето, како и за селекциите што ќе се разигруваат во олимписките квалификации.

Франција – Шведска е првата полуфинална двојка, четврти пат по ред на големите натпреварувања. Данска, трикратниот светски првак во низа, за противник ќе има една од трите селекции, Германија, Унгарија или Австрија.

Германците кои се втори во групата со пет бода, ја имаат судбината во свои раце, бидејќи со победа над Хрватска ќе разигруваат за медалите. Унгарците (четири бода) кои имаат најмалку дадени голови, 172 ќе имаат тешка задача против олимписките шампиони, Франција кои пак се најефикасни со 204 гола.

Австрија (четири бода) ќе се обиде да ја забележи првата победа над Исланд и ќе се надева на поволна разврска од другите мечеви. Нивните надежи се во Никола Билик кој на шесте натпревари има дадено 37 гола и 28 асистенции, што е 37 настотен удел во постигнатите голови на Австрија на ЕП 2024-та.

Денеска се среќаваат: Австрија – Исланд (15.30 часот), Франција – Унгарија (18) и Германија – Хрватска (20.30).

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО