Со доста маки против Фриц, Ѓоковиќ се пласира во уште едно полуфинале во Мелбурн

Првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ, со доста маки го совлада американскиот тенисер Тејлор Фриц со 3:1 во сетови и си обезбеди место во полуфиналето на Австралија Опен.

Ѓоковиќ имаше доста проблеми, но на крајот, за три часа и 47 минути, се избори за ново полуфинале преку кое ќе бара пат кон трофејот во Мелбурн сезонава.

Српскиот тенисер беше фаворит на хартија пред оваа средба и крајниот резултат јасно укажува дека тој го оправда епитетот фаворит.

Во полуфиналето Ѓоковиќ го чека победникот од дуелот помеѓу Италијанецот Јаник Синер и Андреи Рубљев.

Идолот на повеќе генерации ќе го лови својот 11. трофеј сезонава, но и 25 гренд слем трофеј во кариерата, со што евентуално би станал уште поголем во историјата на тенисот.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО