Голем проблем за Бензема: Тој сака да замине, неговиот трансфер е забранет?!

Полека но сигурно Карим Бензема влегува во отворена војна со неговиот актуелен клуб Ал Итифак, од каде по секоја цена сака да си замине.

Бензема е незадоволен во првенството на Саудиска Арабија и сака да се врати назад кон Европа, но од клубот сега ја попречуваат неговата желба.

Францускиот интернационалец не се појавил на почетокот на подготовките со клубот, па Марсело Гаљардо го исклучил откако ќе се врати да тренира со остатокот од екипата.

Фудбалерот очајнички и по секоја цена, со својот агент, работат на враќање во Европа, но тоа сега му го попречуваат од Ал Итифак. Бензема својата шанса ја гледа назад кон Лион, а има и отворена понуда од Манчестер Јунајтед.

Двата клуба веќе имале доставено соодветни понуди до клубот на Бензема, но засега од тоа нема ништо бидејки го опструираат.

Инаку Карим Бензема, доаѓајки во Саудиска Арабија, потпиша лукративен договор кој тежи 200 милиони евра по сезона, а доколку се врати во Европа, тие примања ќе му бидат намалени веројатно за некои 80-90%.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО