Вавринка и Монфис добија вајлд карти за „Ролан Гарос“

Трикратниот шампион на Грен слемот „Ролан Гарос“,

Швајцарецот Стен Вавринка, и неговиот сонародник Гаел Монфис, кој исто така се пензионира, добија вајлд карти за Отвореното првенство на Франција, објави „ESPN“.

Четириесет и едногодишниот Вавринка го освои „Ролан Гарос“ во 2015 година и моментално е рангиран на 125. место.

Триесет и деветгодишниот Монфис, кој стигна до полуфиналето на турнирот во Париз во 2008 година, моментално е рангиран на 222. место.

Вавринка и Монфис планираат да се пензионираат на крајот од 2026 година, а двајцата ќе бидат почестени по нивните последни натпревари во Париз.

Нишеш Басавареди, Титуан Дроеге, Уго Гастон, Артур Геа, Моиз Куаме и Адам Волтон исто така добија вајлд карти за машкиот дел на турнирот во Париз.

Гренд слемот „Ролан Гарос“ почнува на 24 мај.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО