Синер го победи Рубљов и го сруши рекордот на Ѓоковиќ

Италијанскиот тенисер Јаник Синер го победи Андреј Рубљов во четвртфиналето на Мастерсот во Рим и ја забележа својата 32-ра победа по ред на турнирите од серијата 1.000.

Синер го победи Рубљов со 2-0 во сетови, по еден час и 32 минути тенис (6:2, 6:4).

Италијанецот го сруши рекордот на Новак Ѓоковиќ по број на победи на Мастерс турнирите по ред, откако Србинот имаше 31 во 2011 година.

Единствениот што можеше да го спаси рекордот на Новак беше Рубљов, но тој едноставно немаше шанса, како што и се очекуваше.

Синер има скор од 8-3 против него, со шест победи во последните седум натпревари.

Ривалот на Синер во полуфиналето во Рим ќе биде подедникот од мечот меѓу Медведев и Ландалуза.

Foto:EPA

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО