Македонија против Швајцарија ќе се обиде да ја прекине серијата порази на ЕП

По двата меча и двата пораза, од Франција и од Германија, во групата А, Македонија вечерва (18 часот) во Берлин во мечот против Швајцарија, ќе се обиде да ја прекине низата од седум порази на ЕП.

Пос­лед­на­та по­бе­да Македонија ја за­бе­ле­жа на ЕП 2020 го­ди­на, про­тив Укра­и­на (26:25). От­то­гаш па досега сле­ду­ваа се­дум по­ра­зи, на ЕП 2020 од Че­шка (25:27) и од Ав­стри­ја (28:32). На ЕП 2022 од Сло­ве­ни­ја (25:27), од Цр­на Го­ра (24:28) и од Дан­ска (21-31).

На ЕП 2024 Македонија загуби од Фран­ци­ја (29:39) и од Гер­ма­ни­ја (25:34).

Со 73-те примени гола, Македонија има една од најлошите одбрани на турнирот (повеќе голови на првите две средби прими само Грузија, 76). Од друга страна пак Швајцарија го има најнеефикасниот напад (даде само 40 гола).

Македонија и Швајцарија никогаш не се сретнале на завршен турнир на ЕП. Во квалификациите за ЕП играле шест пати и сите шест меча ги добила Македонија.

– Сакаме да си одиме дома барем со една победа, па затоа ќе дадеме 100 насто на денешниот натпревар. Сакаме да им се заблагодариме на нашите навивачи кои допатуваа за да не’ поддржат, сакаме да се гордееме со победа, иако веќе сме елиминирани, вели Милан Лазаревски, пикерот на Македонија.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО