Холанѓанката Вигмен останува селектор на Англија до 2027 година

Селекторот на женската фудбалска репрезентација на Англија, Холанѓанката Сарина Вигмен, го продолжи договорот и останува на функцијата до Светското првенство (СП) 2027 година, објави Фудбалската асоцијација (ФА).

Вигмен (54) е селектор на Англија од септември 2021 година. Во 2022-та ја освои титулата првак на Европа, а лани играше во финалето на СП во Австралија во кое Англија загуби од Шпанија.

Вчеравечер ФИФА ја прогласи Вигман за најдобар женски тренер на светот за 2023 година.

Пред СП 2027, Вигмен ќе ја предводи Англија во одбраната на европската титула 2025-та во Швајцарија. Таа беше и селектор на Холандија со која стана првак на Европа во 2017 година. Во 2019-та ја однесе до финалето на СП.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО