Брера Струмица денес е посилна за бразилскиот интернационалец Кауан де Паула кој доаѓа од редовие на Транс Нарва од Естонија.
Станува збор за млад, 23-годишен дефанзивец кој во естонскиот шампионат имаше забележителни настапи. Тој веќе пристигна во Струмица и се очекува во следните денови да биде промовиран во нов фудбалер на струмичани.
Исто така нашите информации велат дека клубот е блиску до ангажман на Зоран Андонов од Брегалница Штип.
Станува збор за лев бек на иста возрас како и Кауан де Паула кој во својата кариера има играно и за Кит-го Пехчево.