Барселона планира да доведе неколку засилувања во текот на летото, а нивен приоритет ќе биде засилување на дефанзивната линија, но и на врвот на нападот.
Одамна е познато дека Хулијан Алварез е голема желба на Каталонците и дека го гледаат Аргентинецот како напаѓач кој ќе го наследи Роберт Левандовски, но проблемот е што овој трансфер ќе ги чини најмалку 100 милиони евра.
Покрај Алварез, челниците на Барселона преговараат и со Алесандро Бастони, кој веќе се согласил на трансферот, а сега се обидуваат да се договорат за цената и деталите со Интер.
Сепак, шпанските медиуми наведуваат дека поради одредени финансиски проблеми,
Барселона прво мора да продаде играч од првиот тим за да направи место во буџетот за нови засилувања.
Шпанскиот „Фичајес“ пишува дека Барселона веќе одлучила да го продаде Алехандро Балде, што изненади многумина.
Младиот лев бек во последно време има многу проблеми со повреди, а Жоао Кансело го замени на позицијата лев бек. Исто така, Барселона има и резервна опција, а тоа е доаѓањето на Алехандро Грималдо од Баер Леверкузен.
Грималдо е многу заинтересиран да се врати во клубот каде што пораснал и е подготвен да направи сè за да го оствари тоа. Она што е најважно за Барса е дека трансферот би чинел помеѓу 10 и 20 милиони евра.
Кога станува збор за Балде, Астон Вила веќе покажа огромен интерес за овој играч и се подготвени да платат околу 50 милиони евра за него.