Во Барселона е изготвен детален план за закрепнување на Ламин Јамал, кој треба да трае повеќе од месец и половина, што значи дека еден од најдобрите фудбалери во светот треба да го прескокне почетокот на СП, поточно групната фаза од натпреварувањето.
Планот, како што објави AS, вклучува континуирано следење на неговата состојба не само до почетокот на Светското првенство, туку и за време на самото првенство.
Барселона одлучи физиотерапевтот Фернандо Галан, долгогодишен соработник на клубот, да игра клучна улога во неговата рехабилитација.
Тој ќе го следи Ламин Јамал и во клубот и во шпанската репрезентација, со обврска да испраќа дневни извештаи до медицинскиот тим на Барселона за време на Мундијалот.
Клубот е особено претпазлив бидејќи ризикот од повторна повреда е многу висок кај ваквите повреди на тетивата, особено кај експлозивни играчи како Јамал.
Случајот на Рафиња, кој имаше две слични паузи сезонава поради предвремено враќање на теренот, исто така се наведува како предупредување.