Стојанчо Велинов продолжува во Несебар

Искусниот 34-годишен фудбалер Стојано Велинов и во пролетниот дел од сезоната ќе игра во соседна Бугарија.

Велинов по шест месеци во Черноморец Бургас реши да направи трансфер во Несебар каде ќе игра во продолжение од сезоната.

Како што е познато Велинов покрај косовска Трепча промени бројни клубови во Македонија.

Играше за Осогово, Брегалница, Силекс, Тетекс, Ренова, Работнички, Брера, Охрид, Велешта и Гостивар.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО