Македонската репрезентација забележа прв пораз на отварањето од ЕП, очекувано, од репрезентацијата на Франција (39:29), но една од најдобрите одбрани на натпреварот ја имаше Никола Митревски.
Митревски беше причината што Македонија не загуби и со поубедлив резултат, а една од неговите одбрани заврши во топ5 од изборот на ЕХФ за првиот натпреварувачки ден.
Несомнено дека Никола Митревски е еден од нашите клучните играчи во составот. Следниот меч го играме на 14. против домаќинот Германија, а следното коло против Швајцарија.