Борко: Време е Македонија да направи резултат на ова ЕП

Долгогодишниот македонски репрезентативен голман, Борко Ристоски кој сега е директор на Вардар го најави престојното ЕП.

Борко утре наутро патува за германски Дизелдорф каде од трибините ќе и даде поддршка на „црвено-жолтит“, а вечерва за дневникот на МТВ зборуваше за очекувањата.

-Пласманот како пласман на ЕП не треба да се смета за успех повеќе. По двата лоши настапи на СП и ЕП сега треба да направиме резултат. Само со победа против големите може да покажеме моќ и квалитет.

-Франзузите секогаш стартуваат лошо на големите натпревари, впроме тие и така ја темпираат формата, како одминува шампионатот за во завршницата да бидат на врвно ниво. Плус ќе не потценат сигурно и ќе сакаат да одиграат колку да победат. Зошто да не пробаме да изненадиме.

Исто така и дуелот против Швајцарија на кој не би се согласил дека тие се фаворити. Никогаш во историјата на меѓусебните дуели Швајцарија не била на наше ниво и не ни била проблем, вели Борко и додава:

И ова подмладување кое што години наназад се провлекува кај неколку селектори за да си купат мир во куќа 1 или 2 години не држи вода повеќе. Имаме играчи на 26,27,28 години кои за првпат ќе настапат на ЕП и тоа за мене не е подмладување. Впрочем за мене нема млади и стари, само квалитетни и неквалитетни играчи.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО