Македонскиот ракометен првак Еурофарм Пелистер ќе биде репрезентиран со девет ракометари на Европското првенство Германија.
Марко Кизиќ, Петар Атанасијевиќ, Жарко Пешевски, Филип Кузмановски и Ненад Костески во дресот на македонската репрезентација, Урош Борзаш и Богдан Радивојевиќ во дресот на српскиот национален тим и Урбан Лесјак и Нејц Цехте како дел од словенечката селекција ќе го претставуваат нашиот клуб на големата сцена.
Еурофарм Пелистер е македонски и балкански клуб со најмногу претставници на Европското првенство и еден од клубовите со најмногу ракометари на шампионатот од целиот континент.
Покрај Вардар, свој член на ЕП ќе има и екипата на Охрид со оглед на тоа што Теимураз Орјоникидѕе ќе игра за Грузија.