Јасикевичиус: Обрадовиќ е свесен што го чека во Истанбул

По поразот од Црвена Звезда во големото дерби во Евролигата пред неколку дена, Партизан ќе настојува да дојде до нов триумф, со кој ќе се ревитализираат и вратат на победничките патеки.

Вечерва од 18:30 часот гостуваат во Истанбул кај Фенербахче, каде ќе се обидат да дојдат до победа, иако во таборот на „црно-белите“ се свесни дека ова е едно од најтешките гостувања во Европа.

Пред натпреварот, тренерот на Фенербахче, Шарунас Јасикевичиус, потенцира дека тамошната публика, ќе го поздрави Жељко Обрадовиќ, тренерот кој претходно ги водеше до европска титула и дека неговиот печат овде ќе биде вреднуван

– Овој натпревар е важен за двете екипи, играме против екипа која ни е директен ривал за врвот. Доаѓањето на Обрадовиќ овде е голем ден за нашите навивачи, сигурен сум дека ќе му покажат колку го сакаат, самиот тој е свесен и ќе очекува љубов од навивачите. Партизан дефинитивно има квалитет, имаат низа решенија кои можат да ги користат против нас. Мора да бидеме подготвени на се, ќе имаме тежок натпревар, порача Јасикевичиус.

Партизан е деветтопласиран на табелата во Евролигата, со скор од 10 победи и 9 победи, додека Фенербахче е нешто погоре, со скор од 11 победи и 8 порази.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО