Црногорски навивачи нападнати и навредувани од хрватските, четворица уапсени во Дубровник

Домаќинот Хрватска загуби од Црна Гора со 13:15 во Дубровник во натпревар од последното, 3. коло во групата А на Европското првенство (ЕП) во ватерполо.

Сепак и покрај порaзот Хрватска го освои второто место во групата и обезбеди директен пласман во четвртфиналето. Шпанија како првопласирана во групата исто така оди директно во четвтфиналето.

Но, кога помалата група гостински симпатизери на Црна Гора на трибините ја славеше победата, беше нападната од нервозните домашни навивачи.

Мораше да реагира и полицијата по што четворица државјани на Хрватска беа уапсени поради нарушување на јавниот ред и мир и предизвикување нереди на натпреварот.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО