Ѓулер е најмладиот играч кој погодил на дебито на ЕП

Турскиот плејмејкер Арда Ѓулер стана најмладиот играч во историјата на ЕП кој постигнал гол на своето деби на турнирот.

Во натпреварот од првото коло од групната фаза на Евро 2024, репрезентацијата на Турција ја победи Грузија со 3:1, а младиот репрезентативец на Турција постигна неверојатен гол со полни 19 години и 114 дена, со што стана најмладиот играч кој постигнал гол во својот дебитантски натпревар на завршниот дел од европските првенства.

„Тоа беше тежок натпревар и му честитам на мојот тим за победата. Не е доволно да се каже дека поддршката беше голема. Таа беше и повеќе од тоа. Среќен сум“, изјави младиот фудбалер на Реал (М).

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО