Легендата на шпанскиот фудбач, Сеск Фабрегас имаше само позитивни коментари за играта на Роналдо на вчерашниот меч меѓу Португалија и Чешка на ЕП.
39-годишниот напаѓач целиот натпревар го мина на теренот.
„Неговата севкупна игра беше многу, многу подобра од последните неколку години. На крајот на денот, што и да правите, дали тимот игра добро или не, тој секогаш ќе најде можност да создаде шанса – или за себе или за тимот. Мислам дека тој има огромна доза на самодоверба во моментов, што е одлично“, изјави поранешниот шпански репрезентативец.