Стоилковска се пласираше во второто коло на турнирот во Куршумлијска бања

Македонската тенисерка Магдалена Стоилковска со победа во првото коло над Маша Танасовиќ од Србија со 2:0 во сетови (7:6, 6:0) се пласираѓе во второто коло на фјучрс турнирот што се игра во Куршумлијска бања. Таа во следното коло кое се игра утре ќе игра против носителката број 6 Наталија Шениќ од Србија која со 2:0 во сетови ја победи Маделин Хагеман.

Во квалификациите на женскиот дел од турнирот настап во првото коло имаше и нашата млада тенисерка Ива Данева, но таа загуби од Софија Нагорниа од Израел со 2:0 во сетови.

Инаку, од понеделник треба да почне уште еден фјучрс турнир на истото место, а Магдалена Стоилковска има место во главниот турнир, додека Данева повторно ќе игра квалификации.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО