Манчестер Ј. дозволи 109 удари кон голот на последните четири меча во Премиер лигата!

Манчестер јунајтед загуби на гости од Челси во Лондон, 3:4, на натпреварот на кој фудбалерите на Челси упатија 28 удари на голот на тимот на Ерик тен Хаг.

Вкупно, на последните четири средби во Премиер лигата, на кои освоија само четири бода, фудбалерите на „црвените ѓаволи“ на противниците им дозволиле да упатат 109 удари кон нивниот гол!

Бројките се: Против Манчестер сити (1:3) 27 удари, Евертон (2:0) 23, Брентфорд (1:1) 31, што во просек изнесува 27,25 удари по натпревар.

По 29. меча во Премиер лигата, Челси има 43 бода и се наоѓа на 10. место, а Манчестер јунајтед со 30-те и со 48 бода е на шестото место. Јунајтед во големото дерби на „Олд Трафорд“ во недела го пречекува Ливерпул, вториот најефикасен тим во лигата со 70 гола, два помалку од Аренал.

Во поразот од Челси, Јунајтед постави необичен рекорд објави „Опта спорт“. Тие станаа првиот тим во историјата на англиската Премиер лига што загубил натпревар откако водел со 100-та минута!

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО