Зверев со пресврт до финале: Тоа го правеа и Роже Федерер и Надал

Александар Зверев мораше да прави повторно пресврт за да дојде до финале, а успеа да го победи во полуфиналето неговиот ривал Каспер Руд со 3-1 во сетови.

Зверев иако го загуби првиот сет, тој успеа во продолжението да се врати и да го победи Норвежанецот, кој имаше проблеми со стомакот. Во финале ривал ќе му биде Карлос Алкараз

– Во финалето на гренд слемовите, нема лесни натпревари, ниту лесни противници. Секој заслужува да биде таму кој што ќе стигне до таму. Реков уште на почетокот, среќен сум што сум овде, нема што да се каже повеќе. За да одите далеку низ гренд слем турнирите, мора да ги минете сите потешкотии и успони и падови.

– Нема да освоите ниту еден гренд слем само ако победувате во три сета, секој поен е важен. Некои играчи тоа знаат да го прават и со пресврти, тоа го правеше Роже, тоа го правеше Рафаел Надал, нормално е да поминете низ некои тешки битки на гренд слем турнирите. Мора да се вратите по тешките моменти, па и да одиграте пет сета. Среќен сум што си дадов можност за ново гренд слем финале, порача Александар Зверев.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО