Руд објасни зошто се „изгаси“ по првиот сет против Зверев

Норвежанецот Каспер Руд одлично тргна во полуфиналето против Александар Зверев, па го загуби натпреварот и можноста да оди во финале.

Неговиот прв сет беше одличен (6:2), но потоа како да не беше истиот играч, па му дозволи на Зверев комплетен пресврт и финале во Париз.

Руд на пресконференцијата по натпреварот, откри дека му се случил проблем со стомакот.

– Беше малку несреќно, добро почнав, кон крајот на првиот сет, почнав да чувствувам некоја нелагодност и се обидував да бидам константен, но чувствував болки во стомакот. Болките ме ограничија, навистина штета.

– Не мислам дека е нешто сериозно, но се појави по првиот сет. Следните три сета одеа доста брзо, на моја штета, а ривалот беше одличен. Не сакам да барам изговори, но ме фрустрира начинот на кој загубив и разочаран сум поради тоа, порача Каспер Руд.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО