„Фармацевтите“ неуморно работат на новата сезона: Потврдено првото летно засилување

По освоената титула во Бундеслигата, историска за нив, главното прашање за Баер Леверкузен беше да го задржат тренерот Чаби Алонсо, а тоа и го направија.

Откако тоа им успеа, сега главното прашање кое се наметнува за бундеслигашката екипа е со какви засилувања ќе пристапи во идната сезона, во која ќе влезат како бранител на трофејот.

Очигледно е дека нешто ќе продаваат ова лето, за да можат да се самофинансираат, но клучно ќе биде што ново ќе донесат.

Прво летно засилување за новата сезона е Болосјан, кој доаѓа од екипата на Рен од француското првенство. Ова е млад 19 годишен фудбалер, со големи најави за една голема кариера.

Меѓу медиумите низ Германија, се најавуваат пет нови засилувања ова лето во тимот на „фармацевтите“.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО