Златан ќе се прости од фудбалот во јуни, против Србија

Швеѓанецот со босанско потекло, Златан Ибрахимовиќ (42) на мечот Шведска – Србија, во Стокхолм на 8 јуни, ќе го одигра последниот официјален меч во богатата кариера.

– Членовите на Извршниот одбор на Фудбалскиот сојуз на Србија (ФСС) ги верификуваа договорите за одигрување пријателски натпревари како дел од подготовките за Европското првенство (ЕП) 2024 година. Ќе играме против Русија (21 март), Кипар (25 март), Австрија (4 јуни) и Шведска (8 јуни).

Посебно сме импресионирани од фактот што ѕвездата на европскиот и на светскиот фудбал, Златан Ибрахимовиќ ќе се прости од активното играње на мечот во Стокхолм, соопштија од ФСС.

Златан минатата година ја заврши фудбалската кариера на клупски план, во дресот на италијанскиот Милано. За четири месеци тоа ќе го направи и како репрезентативец на Шведска, на последниот официјален настап. Ибрахимовиќ одигра 122 натпревари за Шведска и постигна 62 гола.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО