ЛШ: Вечерва нови возбудувања во Рим и во Париз

Во Лигата на шампиони (ЛШ) во фудбал, вечерва (21 часот) ќе се одиграат уште два осминафинални натпревара, Лацио – Баерн Минхен и ПСЖ – Реал сосиедад.

Лацио и Баерн се сретнаа во оваа фаза од натпреварите во сезоната 2020/21, а поуспешни беа Баварците кои триумфираа на двата меча, во Рим со 4:1 и во Минхен со 2:1.

Баерн стигна до нокаут фазата без пораз во групата А (пет победи и едно реми), но во неделата убедливо беше поразен во првенственото дерби против Баер Леверкузен (0:3) и сега заостанува пет бода на табелата зад „фармацевтите“.

Лацио кој беше второпласиран во групата Е, своите надежи за евентуален успех ги темели врз капитенот Чиро Имобиле кој на мечот, на гости против Калјари (3:1) минатиот викенд, го даде 200-от гол во Серија А.

ПСЖ и Реал сосиедад за прв пат играат меѓусебе, но во францускиот тим кој 12-та сезона по ред е во нокаут фазата, има многу играчи со искуство во шпанската лига. Нивниот тренер Луис Енрике многупати водел клубови пртив тимот од Сан Себастијан, како шеф на Селта и на Барселона.

Реал сосиедад низ групната фаза мина без пораз (три победи и три ремија) и се пласира во нокаут фазата за прв пат по 20 години. Во сезоната 2003/04, Реал беше беше елиминиран од Лион во осминафиналето.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО