Жрепка во Купот на кралот: Барса доби аутсајдер, Столе оди на мегдан со пријатното изненадување

Одредени се фудбалските двојки за новата фаза од Купот на кралот во Шпанија.

Откако беше комплетирана 1/16-финалната рунда во ова натпреварување, ги добивме двојките кои ќе бидат дел од осминафиналето.

Со двојките доаѓа и едно големо дерби, градското во Мадрид, помеѓу Атлетико Мадрид и Реал Мадрид, тоа е воедно и најинтересниот пар од осминафиналето.

Натпреварите се играат на 17. јануари а ова се преостанатите двојки:

Тенерифе – Мајорка
Осасуна – Реал Сосиедад
Билбао – Алавес
Жирона – Рајо Ваљекано
Хетафе – Севиља
Унионистас – Барселона
Валенсија – Селта Виго

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО