Баерн Минхен во јануари приоритетот го става само на една позиција

Баерн Минхен оваа зима брка нови засилувања, посебно на позицијата дефанзивец, а пред нив имаат две алтернативни решенија.

Дефанзивецот на Џенова, Раду Драгушин е еден од оние кои се најбарани во овој момент на фудбалскиот пазар. Ова момче има 21 година, блеска во дресот на Џенова сезонава и докажува дека е време што се интересираат за него.

Но Баерн како конкуренција за овој играч го има Тотенхем, од каде исто така се заинтересирани за овој фудбалер.

Пореална опција за баварскиот клуб е евентуалното доаѓање на Норди Мукиеле, членот на ПСЖ, момчето кое има 26 години и кое може да одговори на новите предизвици.

Мукиеле се прослави во Лајпциг за кои одигра 100 бундеслигашки натпревари, па јасно е декаби можел да биде од помош за Баерн Минхен.

Исто така опција за Баерн Минхен е и Форзан Асан, 17 годишно момче кое настапува за Шалке и кое ревносно го следат.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО