Жоржињо уште една сезона во Арсенал

Арсенал денеска објави едногодишно продолжување на договорот на Бразилецот Жоржињо. Артета лично посочи дека договорот е постигнат и Жоржињо ќе остане на „Емирати“ и следната сезона.

Откако пристигна во лондонскиот клуб во јануари 2023 година, на Жоржињо му требаше малку време за да стане стартер во составот на Артета.

Спортскиот директор на Арсенал, Еду по потпишувањето на договорот изјави:

Многу сме среќни што Жоржи потпиша продолжување на договорот со нас. Тој го претставува она за што се залагаме овде во Арсенал со неговиот професионализам и успех.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО