Ал Наср преговара за Војчех Шчесни

Голманот на Јувентус, Војчех Шчесни е на прагот на трансфер во Саудиска Арабија, во Ал Наср од Ријад кој почна преговори со „бјанконерите“.

Клубот од Торино е подготвен да се раздели со полскиот интернационалец бидејќи ќе се засилува со Микеле ди Грегорио од Монца, а на голот ќе го има и Матијас Перин, пишува Фабрицио Романо.

Во информацијата се наведува и дека Шчесни наводно е приоритет за Ал Наср кој е подготвен да му понуди двегодишен договор со плата од 19 милиони евра по сезона. Војчех Шчесни (34) брани за Јувентус од 2017 година.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО