Женскиот спорт во 2023 година забележа рекордна тв-гледаност

Рекордни 46,7 милиони луѓе гледале женски спортски настани на телевизија во 2023 година, покажа најновото истражување. Taa бројка е за еден милион поголема од претходната, рекордна, забележана во 2019 година.

– Женскиот спорт привлекува се’ помлади женски симпатизери, што е одлична вест за индустријата, изјави Тами Парлоу, извршен директор и ко-основач на „Здружението за женски спортови“, (Women’s Sports Trust).

Бројките го одразуваат бројот на луѓе кои гледале женски спорт на ТВ најмалку една минута во текот на годината, при што просечното време на гледање се зголемило за 16 насто, до 10,07 часа.

Фудбалот беше најпопуларен спорт, со 74 отсто од часовите на гледање. „ТикТок“ пак има најголемо зголемување на прегледите на видеата, се наведува во извештајот.

Поразот на Англија од Шпанија (0:1) во финалето на Светското првенство (СП) што се одржа во Австралија,  го гледале 12 милиони гледачи на „Би-би-си“. Вкупно 21,2 милиони гледачи ги следеле тв-преносите на „Би-би-си“.

Најгледан женски спортски настан со преплата на ТВ бил тридневниот Солхајм голф турнир, во Андалузија, Шпанија.

Повеќе луѓе присуствувале на женски спортски настани во 2023 отколку во 2022 година, при што бројката од 2,1 е зголемана на 2,6 милиони, според податоците од маркетинг агенцијата „Два круга“ (Two Circles).

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО