Салах заминува во Саудиска Арабија за рекордни 235 милиони евра?

Ал Итихад минатото лето ја тестираше подготвеноста на Ливерпул да го продаде Мохамед Салах со понуда од 175 милиони евра. Англискиот клуб ја одби таа понуда, но се чини дека по само неколку месеци очекува нова, овојпат уште попрофитабилна понуда за египетскиот напаѓач.

Како што пишува „Атлетик“, клубот од Саудиска Арабија не се откажал од Салах. Тој потсетува и дека Ал Итихад е подготвен да ја зголеми понудата на 235 милиони евра, со што трансферот на 31-годишниот напаѓач би станал најскапиот на сите времиња.

Таа сума е за 13 милиони евра повеќе од трансферот на Бразилецот Нејмар од Барселона во ПСЖ во август 2017-та. Салах би требало да заработува седум милиони месечно, односно 84 милиони евра по сезона.

Салах се’ уште нема донесено одлука каде ќе ја продолжи кариерата. Тој има договор со Ливерпул и за следната сезона, но на него може да влијае заминувањето на Јирген Клоп.

Новиот менаџер кој ќе го преземе тимот пред почетокот на следната сезона ќе донесе одлука за улогите и за иднината на некои играчи во тимот, меѓу кои е и Салах.

Салах за Ливерпул има одиграно 332 натпревари, а покрај постигнатите 204 гола имаше и 88 асистенции. Тој дојде во редовите на „црвените“ во 2017 година и ги освои титулите во Лигата на шампиони (ЛШ), во Премиер лигата итн.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО