Женг Чинвен втора тенисерка од Кина, финалистка во Мелбурн

Женг Чинвен си обезбеди место во историјата, со тоа што стана втората кинеска тенисерка која стигнала до финале на грен-слем турнир. Пред 10 години нејзината сонародничка На Ли во финалето на Австралија опен ја победи Доминика Цибулкова од Словачка.

Чинвен (21) во полуфиналето ја победи украинската квалификантка Дајана Јастремска со 6:4, 6:4 и во финалето ќе се сретне со бранителката на титулата, Арина Забаленка од Белорусија која ја елиминира Американката, Коко Гаф, 7:6, 6:4..

– Чувството е неверојатно. Многу сум возбудена поради одличната игра и пласманот во финалето. Тешко ми е да ги објаснам чувствата во моментов, изјави Чинвен.

Настапот во саботното финале е најдобриот резултат за неа во кариерата. Досега најдалеку стигнала на САД опен лани, до четвртфиналето.

Ли играше во четири финалиња на грен-слем турнирите во кариерата, освојувајќи две титули, на Ролан Гарос во 2011 година и на Австралија Опен во 2014 година.

Женг веќе и се придружи на Ли и на друга ексклузивна листа. Пласманот во полуфиналето во Мелбурн и обезбеди место меѓу првите 10 на ВТА листата.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО