Откако македонскиот младински репрезентативец Методија Максимов како што е познато направи трансфер од Шкендија во ЛАСК Линц.
Сепак Максимов нема да замине во правец на Австрија, туку во Норвешка на позајмица каде што треба да се кали.
Клубот каде Максимов ќе игра напролет е Алесундс кој сезонава испадна од Првата норвешка лига и во новото првенство ќе игра во Втората лига.
Инаку Максимов со ЛАСК Линц потпиша договор со време трање од 4.5 години.
– Максимов е енергичен, брз и офанзивно ориентиран десен бек со голем потенцијал. Тој е играч кој ЛАСК внимателно го следеше со текот на времето и има многу доверба во него и кој веруваме дека многу добро ќе се вклопи со нас. Склучивме добар договор каде што намерата е заедно да го развиеме Максимов во играч на високо европско ниво. Ако успееме во тоа, тоа ќе ни донесе и финансиска приход во иднина, вели Спортскиот директор Бјорн Ерик Меланд.