Завршни натпревари за Купот на Македонија, во женска и во машка конкуренција

Од денеска па до недела, во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје, ќе се одвива завршниот „фајнал фор“ турнир за Купот на Македонија во ракомет, во машка и во женска конкуренција. Новитет е тоа што полуфиналињата ќе се играат во два дена, со по еден меч во двете конкуренции.

Денеска од 17 часот ракометарките на Ѓорче Петров ќе играат со Куманово, а од 19.30 часот, ракометарите на Еурофарм Пелистер ќе играат со Тиквеш. Утре во истите термини прво ќе играат Вардар и Чаир (жени), а потоа Вардар – Алкалоид (мажи).

Финалните средби во двете конкуренции ќе се играат в недела. Женското финале е од 16, а машкото од 19 часот.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО