Фјури: „Ќе бидам најголемиот тешкаш во историјата ако го победам Усик“

Тајсон Фјури или „Џипси кинг“ во сабота би можел да стане апсолутен светски шампион во тешка категорија. Доколку Фјури денеска би се повлекол од боксот, никој не би можел да оспори дека зад себе има блескава боксерска кариера. Неговиот биланс на рингот е импресивен, 34 победи, едно реми и ниту еден пораз!

За време на богатата и успешна кариера, Фјури го „држеше“ секој од четирите светски појаси во тешка категорија. Во некои периоди во негова сопственост беа титулите светски шампион во ВБА, ИБФ и ВБО верзијата, а недостасуваше само појасот на ВБЦ за да го достигне статусот апсолутен светски шампион.

Фјури моментално го држи и тој ВБЦ појас, но другите три се кај Украинецот Олександр Усик, противникот на Фјури во сабота навечер. Победникот од тој дуелт ќе биде прогласен за апсолутен светски шампион во тешка категорија. Фјури верува дека победата над Усик ќе го издвои од сите други тешкаши во професионалниот бокс.

– Мислам дека Усик е најдобриот противник со кој ќе бокусувам, иако и претходно сум се борел со светски шампиони, како и со некои непоразени. Го делев прстенот со златни олимпијци, но никогаш не сум се борел со момче кое беше светски шампион во две тежински категории.

Тоа е она што го издвојува Усик од другите противници. Мислам дека победата над Усик ме става на првото место. Ако го победам , јас ќе бидам најдобриот во тешка категорија на сите времиња, истакна Фјури во интервјуто за ДАЗН.

Ваквите изјави на Фјури ќе предизвикаат голма полемика меѓу љубителите на боксот. Има многу големи, врвни боксери-тешкаши во богатата историја на спортот. Има многу кои имаат валидни аргументи да бидат прогласени за „најдобри досега“, но Фјури би им се приклучил со победата над Усик.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО