На првиот меч во новата сезона од Премиер лигата, Манчестер јунајтед синоќа на „Олд Трафорд“ го победи Фулам со 1:0. Холанѓанецот Џошуа Циркзи, кој Јунајтед го купи летово од Болоња за 42,5 милиони евра, со голот во 87. минута му ги донесе првите три бода на тимот на Ерик тен Хаг Циркзи погоди при крајот од натпреварот во акцијата во која и тој учествуваше на почетоток.
Потоа втрча во шеснаесетникот, каде што го пронајде Алехандро Гарначо. Холанѓанецот добро реагираше и со удар од првиот допир го матираше голманот на Фулам, Бернд Лено.