Вредеше 50 милиони, играше за Јунајтед, а сега нема клуб – но се понудил на Барселона?

Џеси Лингард пред неколку сезони беше вреднуван на трансфер пазарот од 40 до 50 милиони евра, настапуваше и за Манчестер Јунајтед, но неговата кариера очигледно тргна во погрешен правец.

Откако замина од Јунајтед, се пресели во Нотингем Форест, но летото му истекна договорот и веќе половина година нема договор со друг клуб, а попатно, се понудил во Барселона.

Тешко е да се верува дека Барселона ќе сака да земе играч кој е надвор од посакуваната форма, но и играч кој не е познат по работните навики.

Тој минатата сезона често низ интервјуа зборуваше дека тешко му паѓаат критиките од навивачите, па очигледно од таму тргна неговиот пад.

– Пиев секоја вечер пред спиење, кога ќе се присетам на тоа, сега размислувам што ми требаше тоа, но морав некако да ја затрупам болката која ја чувствував. Сакав да заборавам што ми се случува, но алкохолот ми ја влоши ситуацијата 10 пати повеќе, порача тогаш Лингард.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО