Инцидент на клупата на Франција – хрватски навивачи имале и расистички навреди кон нив?

Франција успеа да оствари голема победа вечерва на ЕП против репрезентацијата на Хрватска.

Но по натпреварот и еуфоријата на „триколорите“, од Франција обвинуваат дека имало расистички навреди од трибини кон нив.

Според зборовите на коментаторот на РТЛ, Филип Бркиќ, некој фрлил пластична чаша кон француската клупа, па по натпреварот, во француските медиуми се брифира дека се слушнале и навредливи коментари.

– Не можам да потврдам дали станува збор за расизам, не разбирам хрватски, видов само дека една пластична чаша долета до нашата клупа, но видов и луѓе од хрватските навивач кои беа жестоки во гестикулациите и коментарите кон нас. Гестот на фановите од Хрватска ги минуваат сите граници, порача францускиот селектор Гилем Жил.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО