Партизан на мегдан во Атина против Панатинаикос ќе биде ослабен

Кошаркарите на Партизан утревечер имаат пресметка против Панатинаикос во рамки на 22. коло од Евролигата.

Панатинаикос како далеку подобро пласирана екипа, ќе ја има улогата на фаворит, но Партизан, иако ќе патува ослабен, не смее никој да ги отпише.

Имено, тимот на Жељко Обрадовиќ во Атина ќе патува значително ослабен, бидејки на паркетот ќе го немаат капитенот Кевин Пантер, кој поради болест, нема да настапи против детелинките од Атина.

Натпреварот се игра од 20:15 часот, а домаќините ќе имаат можност за реванш кој им е толку посакуван по оној пораз во Белград пред неколку недели.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО