Вонредно Собрание на МОК: Кој ќе биде наследникот на Димевски?

Во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје попладнево (18 часот) треба да се одржи вонредното Собрание на Македонскиот олимписки комитет (МОК), на барање на 26 национални спортски федерации, меѓу кои и водечките, РФМ, ФФМ, КФМ, ОФМ, како и на повеќемина поранешни познати спортисти и спортски работници.

Главни точки на дневниот ред се смена на актуелниот прв човек на МОК, Даниел Димевски, избор на нов претседател, како и разрешување и избор на нов Извршен одбор (ИО).

Како главен кандидат за наследник на Димевски се споменува(ше) Александар Маленко, еден од иницијаторите за промени во МОК, но во „игра“ е и Александра Војневска Зикова, претседателката на Атлетската федерација на Македонија (АФМ).

МОК пак, на чело со Димевски, за 8 феваруари во СЦ „Јане Сандански“ закажа редовно изборно годишно Собрание.

Останува да видиме каква ќе биде разврската од оваа рашомонијада бидејќи Интернационалниот олимписки комитет (ИОК) е на ставот дека за нив легитимно е редовното Собрание во организација на сегашното раководство на МОК.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО