Волф конечно потврди: Макс е нашата прва опција за замена на Луис – но не и единствена!

Шефот на Мерцедес, Тото Волф, откри дека Макс Верстапен е неговиот прв избор да го замени Луис Хамилтон од идната сезона, но дека има и други опции.

Веќе е отворена лицитацијата за местото на Хамилтон во Мерцедес, но очигледно со вакви перформанси и нема да се пријават многу големи имиња.

Со оглед на тоа дека Ред Бул и сезонава е силен, но во нивната гаража работите се раздрмани поради аферата која деновиве беше актуелна со Кристијан Хорнер, па медиумите не исклучуваат можност Макс Верстапен на крајот од оваа сезона, да си замине.

– Да, Макс би бил прва опција за замена на Хамилтон, но гледајте ги неговите перформанси, по тоа се носи заклучок дека нема причина да си замине од Ред Бул, порача Волф.

Освен Макс Верстапен, втора сериозна опција за Мерцедес е Карлос Саинц, со кој германската екипа имала извесни контакти и преговори во почетна фаза.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО