За бакнеж под принуда 2,5 години затвор?

Шпанското обвинителство бара поранешниот шеф на фудбалската федерација, Луис Рубиалес, да биде осуден на две и пол години затвор, откако бакна фудбалерка против нејзина волја по триумфот на Шпанија на Светското првенство (СП).

Рубиалес се соочува со обвиненија за сексуален напад и за принуда, откако лани во август ја ја бакна во уста Гени Ермосо. Таа и нејзините соиграчки потоа рекоа дека бакнежот бил несакан и понижувачки. Рубиалес беше принуден да поднесе оставка, но негираше дека сторил нешто лошо.

Според судскиот документ што го видел Ројтерс, обвинителката Марта Дурантез го обвини Рубиалес за сексуален напад и за принуда.

Обвинети се и поранешниот селектор на женската репрезентација, Хорхе Вилда, сегашниот спортски директор на тимот, Алберт Луке и шефот за маркетинг на федерацијата, Рубен Ривера, бидејќи ја принудувале Ермосо да каже дека бакнежот бил консензуален.

Дурантез, исто така, сака четворицата мажи да и’ платат на Ермосо отштета во вкупна вредност од 100.000 евра, Рубиалес најмалку половина од таа сума.

Таа, исто така, побарала забрана за ограничување на Рубиалес, со што ќе му се забрани да и се приближи на 200 метри на Ермосо и да комуницира со неа во следните седум и пол години.

Скандалот го засени историскиот момент за женската репрезентација на Шпанија, која во тоа време ја славеше првата титула на СП.

Инцидентот предизвика бран на глобален гнев против сексизмот на највисоките нивоа во женскиот спорт и доведе до бојкот на националниот тим од фудбалерките на Шпанија.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО